Македонија У20 со пораз од САД

201

На денешниот пријателски дуел кој што македонската фудбалска репрезентација до 20. години го одигра против соодветната селекција на САД доживеан е пораз од конечни 2:0.

Дуелот инаку се одигра во соседна Бугарија поточно во градот Петрич.

Избраниците на селекторот Александар Таневски примија голови во последните моменти од двете полувремиња, односно во 45. и 90.

Оваа генерација е онаа која што се подготвува да биде дел од У21 квалификациите за следниот квалификациски циклус.

Македонија: Васил Ташовски, Златко Радески, Андреј Велков, Адис Мурати, Лука Атанасовски, Димитар Данев, Емир Шаботиќ, Салим Арифи, Тео Сандев, Адмир Љатифи и Даниел Диковски.

Второ полувреме: Стефан Јованоски, Андреј Мурџески, Фидан Шерифи, Димитар Мартиновски, Виктор Делов, Габриел Крстевски, Андреј Стојановски, Мирза Хасиќ, Иван Шириќ, Гоко Спасов, Лука Бојаџиев и Шабан Мемети.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: В.A. ОД ВИНИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.334.957 ДЕНАРИ
СледноМиовски: Мој фаворит е Португалија, Нејмар се враќа на голема врата, а Шпанија има квалитет да оди до крај