Јошко Миленкоски: „Пруживме отпор на Холандија, го победивме Луксембург – целта е исполнета!“

81

Една победа против Луксембург и еден пораз од Холандија е исходот по првиот турнир во Европската лига 2026 за машкиот национален тим. Момците предводени од селекторот Јошко Миленкоски успешно го одработија првиот викенд во новото издание и ја остварија целта која претходно им беше поставена.

Предводникот на Македонија е задоволен од отпорот кој неговиот тим го понуди на фаворитот Холандија, како и од триумфот на Луксембруг.  На стартот на уште едно издание на Европската лига бевме домаќини на еден од турнирите и тоа на репрезентациите на Холандија и Луксембург. Реално фаворитската улога на овој турнир ја имаше Холандија, една од светските одбојкарски велесили, која ја оправда со две победи. Луксембург, пак, потврди дека во Европа нема веќе тотални аутсајдери. Македонија во дуелот со Холандија имаше светли моменти и понуди сериозен отпор. Гледано од наша перспектива ние игравме подобро со Холандија отколку против Луксембург иако драстично ослабени со неиграњето на еден од столбовите на нашата игра Александар Љафтов. Бевме близу и до освојување на еден сет, што во овој моменти би било еден максимален резултат. Против Луксембург ја оправдавме улогата на фаворити и ги освоивме првите бодови. Со исклучок на првиот сет каде императивот на победа, нервозата и притисокот кој го чувствувавме му дозволија на противникот да го освои. Се понатаму беше рутина и потврда на квалитетот и убедлива победа. Со самото тоа ја остваривме првично зацртаната цел и можеме да бидеме задоволни“, коментира Миленкоски.

Репрезентативците денеска имаат слободен ден и попладнево повторно се собираат во Скопје, додека утре продолжуваат со тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ пред да отпатуваат за Атина, каде претствојниот викенд ги очекуваат новите предизвици во Евролигата.Следниот викенд го играме вториот турнир во Атина против репрезентациите на Грција и Исланд. Повторно и тука имаме еден фаворит, тоа е домаќинот на турнирот и една репрезентација како Исланд со која имаме фаворитска улога и императив за победа“, вели Миленкоски.

ПретходноЗа 2.000.000 евра годишно: Манчини повторно селектор на Италија?!
СледноОриги официјално ја заврши кариерата