Петровска премиерно “свиреше“ во Европската лига

39
ФОТО:vfmkd.org.mk/

Првата македонска судијка со значката на ЦЕВ, Елеонора Петровска, во првиот викенд од Европската лига 2026 ја доби и првата номинација како меѓународен судија на натпревари од овој ранг.

Петровска беше дел од судискиот колегиум кој делеше правда на натпреварите од турнирот број три во Струмица, на кој ОФМ и машката сениорска репрезентација на Македонија беа домаќини. Таа беше во друштво на искусните арбитри – Александрос Милонакис (Грција), Ерол Акбулут (Турција) и Лучиан Настасе (Романија).

Македонската судијка го имаше главниот збор на дуелот меѓу Холандија и Луксембург, додека на мечот меѓу Македонија и Луксембург таа беше втор судија.

Петровска пред една година доби статус на ЦЕВ интернационален судија, а во сезоната 2025/2026 имаше неколку делегирања во европските клупски купови, а во април годинава судеше и на квалификации за ЕП У18 мажи.

ПретходноИвица Јанев прв Македонец со злато на Мр Олимпиа Аматер
СледноИконата се враќа: Федерер ќе игра на УС Опен!(ФОТО)