Претседателот на САД исвиркан: Трамп го гледаше шоуто на Вембањама – Спарси намалија на 2:1!(ВИДЕО)

460
ФОТО:.facebook.com/Spurs/

Њујорк и „Медисон Сквер Гарден“ беа подготвени за уште една прослава на „Никси“, но Виктор Вембањама имаше други планови. Французинот доминираше од првата до последната минута и ги врати „Спарси“ во живот! Сан Антонио беше на работ на бездната, а потоа на сцена стапи Виктор Вембањама. Францускиот кошаркарски чудотворец одигра натпревар за паметење и им ја врати надежта на „Спарс“ дека можат да направат голем пресврт во финалето на НБА.

Спарс“ го преживеаа пеколот во „Медисон Сквер Гарден“, ги победија „Њујорк Никс“ во неизвесна завршница со резултат 115:111 и ја намалија негативата во финалната серија на 2:1. Вембањама одигра спектакуларен натпревар, доминираше на двете страни од теренот и беше еден од најзаслужните за триумфот на „Спарс“. Тој го заврши натпреварот со 32 поени, осум скока, шест асистенции и три блокади! Имаше голема помош во младиот Стефон Касл, кој постигна 23 поени и погоди две слободни фрлања шест секунди пред крајот, со што дефинитивно го скрши отпорот на „Никс“. Дилан Харпер додаде 13 поени, додека Дирон Фокс го погоди можеби најважниот шут на вечерта – флотер на 30 секунди до крајот за да го одбие последниот налет на домаќините.
Џејлен Бренсон беше одличен за Никсите со 32 поени, додека О Џи Ануноби додаде 28. Сепак, домаќините целосно застанаа на крајот. Њујорк ги пропушти првите девет обиди за тројка во последната четвртина, дозволувајќи им на Спарсите да го зачуваат водството.
Интересно е што сите три натпревари од финалната серија досега ги добија гостите, што е исклучително ретка појава во финалето на НБА.

Серијата сега е целосно отворена. Никси сè уште водат со 2:1.

Големо внимание привлече и доаѓањето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го гледаше третиот натпревар од финалето на НБА во живо од луксузната ложа на Медисон Сквер Гарден. Неговото појавување предизвика бурни реакции од публиката. Додека од еден дел од салата се слушаа извици за поддршка и извици „САД, САД“, друг дел од навивачите гласно го исвиркаа кога се појави на видео бимот за време на пеењето на националната химна.

ПретходноОлисе покажа дека е генијалец за победа на Франција, и Холандија победи со гол од пенал во 90+8.минута!
СледноБРАВО, СЕКОЈА ЧЕСТ: Еве како Перо Антиќ го однесе синот на починатиот Панчо на полуматура!