Иван Николов се враќа во Данска!(ФОТО)

166
ФОТО:facebook.com/FKRadnik1945

Како што пренесува познатиот Руди Галети, нашиот интернационалец Иван Николов (24) е пред враќање во Данска. Имено играчот за врска кој имаше одлична полусезона во дресот на Радник Бијелина (БиХ), најверојатно се враќа во шампионатот во Данска, каде што беше дел од тимовите на Сондерјиске и Вендисел.

Инаку според Галети, за Македонецот свој интерес пројавиле и клубови од повеќе земји, пред се од Србија, Унгарија, Романија, Полска.

Да потсетиме дека Иван Николов е дете на Брегалница, а играше и за Брера и Вардар пред да направи трансфер во Данска во 2023 година.

ПретходноМартин Томовски во идеалниот тим на сезоната во 2.Бундеслига!(ФОТО)
СледноНеверојатно: Курасао ги распродаде сите дресови!