Стојкоска пред дуелите со Шпанија и Азербејџан: Свесни сме дека можеме и мораме подобро!

25
фото: ОФМ/Вангел Тануровски

По првиот турнир од Европската лига 2026 во Порто, од вчера најдобрите македонски одбојкарки се во Аликанте, Шпанија, каде викендов, 12 и 13 јуни, ги играат натпреварите од вториот турнир. Девојките се адаптираат на новите услови, веќе одработија и еден тренинг на новиот терен, а интензивно се анализираат и претходно одиграните натпревари и се работи на што подобро поставување на тактика за следните предизвици – Шпанија и Азербејџан.

„По првите два натпревари во Порто останува впечаток дека имавме добри моменти во играта, но и периоди во кои не бевме на посакуваното ниво. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни, меѓутоа направивме и грешки кои на ова ниво се казнуваат. Свесни сме дека има многу простор за напредок и токму на тие сегменти сме фокусирани периодов. Атмосферата во тимот е добра, сите сме мотивирани и со позитивна енергија го очекуваме турнирот во Аликанте, каде што сакаме да се покажеме во подобро издание“, коментира средниот блокер Ива Стојкоска.

Македонија против домаќинот Шпанија го отвора вториот турнир, со мечот закажан за в петок, од 19:30 часот, во Аликанте. В сабота од 18:30 часот нашите одбојкарки играат против Азербејџан.

ПретходноДејвис куп: Македонија поразена од Молдавија
СледноСтајиќ од Пелистер се пресели во Куманово