Досегашниот член на тимот на Тиквеш, и некогашен македонски младински репрезентативец, Никола Најдовски е пред својот прв интернационален трансфер. Левиот бек, кој што во моментов има 22. години дефинитивно заминува од својот матичен клуб, и има опција да замине во странство.
Спортпорт дознава, дека Најдовски има две опции на рапсолагање. Да замине во тимот на Лапи во соседството, или пак да премине во малку подалечна дестинација, а тоа е тимот на Мислами во Молдавија.
За неколку дена Најдовски дефинитивно ќе има нов клуб, а наскоро ќе дознаеме и кој ќе биде тоа.
Тој покрај Тиквеш, во своето „CV“ уште ги има и екипите на Борец и Кожув.















