Затоа го викаат “Лудак“: Биелса за 38 секунди одговори на шест новинарски прашања!(ВИДЕО)

128
ФОТО:.facebook.com/aufoficial/

Селекторот на уругвајската репрезентација, Марсело Биелса, повторно го оправда својот познат прекар „Лудиот“ и изведе невидена претстава пред камерите пред самиот почеток на Светското првенство! Искусниот аргентински стручњак е познат по својата органска одбивност кон разговорите со медиумите, но овој пат отиде чекор понатаму. Пред збунетиот новинар, изгледаше како натпреварувач во некој ултра брз ТВ квиз – одговори на дури шест прашања за точно 38 секунди, користејќи едвај дваесет зборови.
Ова е трето Светско првенство за Биелса во богатата тренерска кариера, па претставниците на седмата сила очекуваа длабока тактичка анализа, филозофирање и најава за напад врз трофејот. Наместо тоа, добија „брзи прсти“ и експресно исклучување какво што веројатно никогаш не е видено во историјата на спортот.

ПретходноБраво за Чеферин: Судијата од Сомалија кој не беше пуштен во САД, ќе го суди Супер Купот на УЕФА!
Следно„Атлетик“:Еве зошто СП е најголемиот спектакл во светот!