Одредени групите во квалификациите за У17 и У19 во женска конкуренција

23
ФОТО:FFM.MK

Денеска во Нион со жрепка беа одредени составите на групите за претстојните квалификации за настап на Европското првенство за фудбалерки до 17 и 19 години.

Селекцијата до 17 години е во конкуренција со репрезентациите на Велс, Луксембург и домаќинот на турнирот Грузија.

Мечевите ќе се одиграат на 25, 28 и 31 октомври оваа година.

Репрезентацијата до 19 години е дел од Б3 групата во која партиципираат Црна Гора, Азербејџан и организаторот Србија.

Натпреварите во оваа конкуренција се на програмата на 26 и 29 ноември, а последното коло ќе се одигра на втори декември.

ПретходноИгнасио Абате е нов тренер на тимот на Торино
Следно“Земјотрес“ во НБА: Јокиќ потпишува договор вреден 70 милиони долари по сезона!