Официјално: Барселона покренува судска постапка против Перез!

166
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Најавите се остварија. И официјално Барселона презеде мерки против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, поради неговите коментари за случајот „Негреира“. Како што претходно најави потпретседателот на Каталонците, Рафа Хусте, клубот нема намера да ги игнорира обвинувањата што ги упати Перез против Барса.

По состанокот на одборот на директори во петокот и подготовката на потребните документи од страна на правниот оддел на клубот, предводен од Пере Луис Мејадо, Барселона објави официјално соопштение во кое ги информира за поднесувањето барање за постапка за помирување против Флорентино Перез. Ова е задолжителна постапка пред поднесување тужба за клевета.

ФК Барселона информира дека денес е поднесено потребното барање за извиннување пред поднесување кривична пријава според член 205 од Кривичниот законик за клевета против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Причината се изјавите што ги даде за време на прес-конференцијата на 12 мај и интервјуто што го даде следниот ден“, се вели во ставот на клубот.

Од „Камп Ноу“ инсистираат Перез да ги повлече своите изјави, бидејќи ги сметаат за невистинити и штетни за престижот на клубот.
„Целта на оваа тужба е г-дин Перез да повлече одредени изјави дадени со знаење дека се неточни и кои се клеветнички и навредливи за имиџот и угледот на клубот“, додаваат Каталонците.
Барселона нагласува дека ова е само првиот чекор кон можна кривична постапка.
„Доколку барањето не биде соодветно исполнето, ФК Барселона ќе продолжи со поднесување на соодветна кривична пријава“, се додава во соопштението.

ПретходноПромоција:Косовски Лапи се пофали со Али Адем!(ФОТО)
СледноОдбојкарките поразени и од Шпанија