Бадијала одличната игра на нашиот Ненад Димитријевиќ во вториот меч од финалната серија во битката за титулата во кошаркарскиот шампионат на Германија. Имено дома, пред своите гледачи, Баерн беше поразен од Алба со 79:86 за израмнување на 1:1 во серијата.
Да потсетиме дека шампион ќе биде тој тим кој што прв ќе дојде до три победи.
За разлика од првиот меч, на која Македонецот беше скромен, попладнево просто “експлдира“. За 20 минути колку мина на терен, Ненад Димитријевиќ запиша 20 поени, имаше и две асистенции и еден скок и беше најдобар поединец на овој меч.
Ова е уште една потврда дека нашиот најдобар кошаркар е еден од најдобрите во германскиот гигант. Да се надеваме дека Нено со Баерн ќе дојде до титулата.










