Лина во квалификациите и на Вимблдон!

77
фото: mtftennis.mk

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа се пријави во квалификациите за Вимблдон, со што ќе направи обид да дојде до главниот турнир во женска конкуренција на најголемиот Гренслем во светот на тенисот.

Ова е третпат оваа година македонската тенисерка со обид да дојде до главниот турнир откако не успеа на Австралија Опен и на Ролан Гарос претходно.

Лина Ѓорческа во моментов е на 211 место на ВТА листата. Јасно е дека со добар резултат во квалификациите во Вимблдон и тоа како ќе го поправи својот ранкинг на ВТА листата.

ПретходноДимитријевиќ одличен, ама Баерн дома загуби од Алба за 1:1 во финалната серија!
СледноРоналдо и Португалија со трогателен гест во спомен на Диого Жота!(ФОТО)