„Арсенал потроши 58 милиони за ништо, а Манчестер за 47 го купи Варан“

370

Некогашниот дефанзивец на Арсенал, Вилијам Гала, ја критикуваше трансфер политиката на тимот на „топџиите“.

Тој за споредба го зема Бен Вајт кој дојде во таборот на Арсенал за 50 милиони фунти (58 милиони евра), додека за 10 милиони Манчестер земал таков добар дефанзивец како Варан.

„Не ми е јасно како може Арсенал да потроши толку пари на Бен Вајт кој не покажа ништо, а наспроти тоа Манчестер го купи Варан за помалку пари. Можеби делумното објаснување е дека е англичанец. Не го познавам, но го почитувам, меѓутоа не можете да го споредувате Вајт со Варан“, рече Гала.

ПретходноСпектаклот ПСЖ – Манчестер Сити без Лео Меси!?
СледноВерстапен како последен ќе стартува во Сочи, Хамилтон со инцидент на тренингот!