Селекцијата на Македонија до 19.години ги дозна своите противници во почетната фаза од квалификациите за ЕП по денешната ждрепка. У-19 селекцијата на Македонија, се најде во дивизијата Б и тоа во Б5 групата заедно со селекциите на Швајцарија, С.Ирска и Малта. Натпреварите се играат во септември а само победникот оди во следната фаза од квалификациите.
Еве уште една шанса за оваа генерација предводена од селекторот Димитар Капинковски, за да дојде до што подобар резултат.
Инаку познато е дека во минатото, посебно во последните неколку години, младите селекции на Македонија имаат катастрофални резултати. 









