Официјално: Кукуреља е нов играч на Реал Мадрид!(ФОТО)

89
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Сега е и официјално. Реал Мадрид соопшти дека го потпишал левиот бек Марк Кукуреља од Челзи.
Шпанскиот репрезентативец потпиша договор до летото 2032 година, додека според медиумите, вредноста на трансферот е 60.000.000 евра, од кои 55.000.000 се фиксна отштета, со дополнителни 5.000.000 преку бонуси.
Кукуреља (27) го продолжи договорот со Челзи минатото лето, кој беше важечки уште три години, но лондонскиот клуб сепак се согласи на трансферот.
Во текот на претходните месеци, неколку клубови покажаа интерес за шпанскиот дефанзивец. Имаше и контакти со Атлетико Мадрид и Барселона, додека новиот тренер на Манчестер Сити, Енцо Мареска, наводно покажа желба да го ангажира.
Во Мадрид, Кукуреља ќе работи со Жозе Мурињо, кој се врати на клупата на кралскиот клуб на почетокот на неделата.

ПретходноУ-19 квалификации: Македонија во група со Швајцарија, Малта и С.Ирска
СледноМакедонците Гаштаров и Трпески на подготовки со првиот тим на Ц.Звезда!(ФОТО)