Има договор: Гвардиол и натаму ќе биде „граѓанин“

56
ФОТО:.facebook.com/mancity/

Јошко Гвардиол ќе продолжи да игра за Манчестер Сити.

Би-Би-Си објави дека страните се согласиле за нов договор. Договорот на дефанзивецот ќе важи до 2031 година. Неговиот сегашен договор важи до 2028 година.

Гвардиол игра во Премиер лигата од сезоната 2023/24. Во последната сезона одигра 18 натпревари и постигна два гола. Деновиве имаше бројни шпекулации околу неговата иднина, а дел најавуваа и можна преселба во Реал (М).

ПретходноДе ла Фуенте: Немавме свежина, но требаше да победиме
Следно„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)