„Фараоните“ ги запреа „Црвените ѓаволи“: Белгија и Египет поделија по бод (ВИДЕО)

69
фото: Belgian Red Devils (X)

Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет ги поделија бодовите во првото коло од Групата „Г“  играјќи нерешено, 1:1 на стадионот во Сиетл. Белгијците ја имаа улогата на фаворити во овој натпревар, но малку недостасуваше на крајот да останат и со празни раце.

Египќаните поведоа во 19-тата минута кога Емам Ашур постигна гол по фантастичен потег на Салах, а потоа и уште подобар шут до Куртоа, со што африканскиот тим поведе. Во 33-тата минута, Зико се закани кон голот на Белгија, но неговиот удар заврши покрај мрежата, со што Египет замина на одмор со 1:0.

Во 53-тата минута од натпреварот, Кевин де Брујн ја погоди стативата од слободен удар, а две минути подоцна, ударот на Салах го одбрани голманот на Белгија. Во 66-тата минута од натпреварот, Белгија конечно го израмни резултатот. Тросард центрираше од десната страна, а Хани, кој беше во дуел со Лукаку, несреќно ја затресе сопствената мрежа.

Во следното коло, Египет ќе игра против Нов Зеланд, а Белгија ќе се соочи со Иран.

ПретходноИма договор: Гвардиол и натаму ќе биде „граѓанин“