КуПС има супер талент кој се врати од Мајнц, играат на вештачка трева

265

Кои се КуПС Куопио, прваците на Финска со кои Вардар ќе се судри во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите!?

Личната карта за овој клуб кој е формиран пред 103 години кажува дека станува збор за сериозен и клуб со долга традиција кој во последните години важи за еден од најдобрите во својата земја. Тоа е екипа која за клубски бои ги има „црно-жолта“ и настапува на мал стадион со капацитет од 5.000 гледачи од кои само 3.000 се со столчиња. Стадионот е реновиран во 2005 година и за несреќа на Вардар на него има вештачка трева. Терен кој што беше фатален за „црвено-црните“ во минатата сезона и гостувањето кај Лозана каде загибија со 5:0 во Конференциската лига. Сепак во групната фаза од конференциската лига екипата на КуПС своите натпревари како домаќин ги играше на стадионот во Тампере. КуПС е клуб кој 8 пати бил првак на својата земја, 13 пати завршил како втор, а Купот на Финска го освоиле пет пати.

Лани одиграа 2:2 со Кристал Палас

Лани екипата настапуваше во групната фаза од Конференциската лига и одигра 0:0 токму на гости кај Лозана каде Вардар беше поразен со 5:0. Имаа дуели со Дрита од Косово (1:1), Бреиндаблик од Исланд (0:0), победа над Слован Братислава (3:1), пораз од Јагелониа (1:0), реми 2:2 со Кристал Палас. Во 1/16 финалето беа елиминирани од Лех Познањ со два порази. Од резултатите низ историјата секако најзабележителни се оние ланските 2:2 со Кристал Палас, тим кој покасно ја освои Конференциската лига. Според ранг-листата на УЕФА тоа е клуб кој е рангиран на 110 место во Европа и посебно се незгодни кога играат на домашен терен.

Малиот Ото Руопи се врати од Мајнц

Крилниот напаѓач Ото Руопи важи за „супер стар“ во КуПС екипа која е ривалот на Вардар во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Младиот фудбалер е на позајмица од Мајнц каде беше продаден пред две сезони за 1,3 милиони евра. Тоа е најскапиот и најдобар фудбалер кој го има првакот на Финска а неговата вредност изнесува 1.000.000 евра. Останатите играчи немаат некоја посебна вредност. За издвојување се австрискиот голман Јоханес Креидл кој има и бундеслигашко искуство со настапите за екипите на Нирнберг и Хамбургер. КуПС има и многу интернационалци и играч од Аргентина во името на Валентин Гасц… но тука се и играчите од Африка како Антви и Армах од Гана но и Кабује кој настапува за Уганда на Роџерс Мато. Во составот на националниот тим на Финска нема ниту еден од фудбалерите на КуПС. Вредноста на екипата изнесува околу 6.000.000 евра колкава што е и вредноста на Вардар.

Далеку е Куопио, блиску е до Лапонија…

Околу 3.100 километри е оддалечен градот Куопио од Финска каде Вардар кон средината на јули ќе му гостува на КуПС. Град со околу 120.000 жители кој е сместен на северот на Финска, град кој е многу блиску до областа Лапонија. Куопио е околу 400 километри северно од Хелсинки и отсечен на северот на својата земја. Патувањето ќе биде исто така голем проблем за Вардар кој ќе мора да ангажира чартер лет доколку клубот не сака да ги избегне немилите сцени и трансфери по аеродромите низ Европа.

ПретходноАзија се уште без пораз на Мундијалот!
СледноПотпишана Декларација за намери за спречување на насилството меѓу младите – Спортот како најсилна алатка за градење на здрави вредности