Бруно Акраповиќ ги “поврзува“ Шкендија и Европа, Динамо Минск бил подобар од Ренова и Работнички

376

Откако се познати противниците на Шкендија и Силекс во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, мечевите се играат на 9 и 16 јули, убаво ќе биде да видиме за какви ривали станува збор.

Европа, ривалот на Шкендија во својата историја осум пати бил шампион на Гибралтар, и само двапати успеал да мине некое квалификациско коло во Европа. Последен пат играл во 2023 и тоа против Дукаѓини.

Интересно е тоа што Бруно Акраповиќ е тој што ги “поврзува“ Шкендија и Европа со оглед на тоа дека и на двете екипи им бил тренер, на тетовци во два мандати. А во Европа игра неговиот син Арон Акраповиќ.

Секако дека Шкендија е голема фаворит, но не смее да се потцени противникот.

Динамо Минск, противникот на Силекс е еден од гигантите во Белорусија. Девет пати бил шампион на својата земја.

Инаку кога сме кај историјата, Динамо Минск досега успеалда елиминира две наши екипи. Прво Ренова во таа 2009/10 сезона во 1.квалификациско коло во Лигата на Европа, а потоа и Работнички во 2017/18 во 2.коло во Лигата на Европа.

Јасно е дека Силекс има против себе силен тим, но не и непобедлив.

ПретходноЛК:Шкендија доби ривал од Гибралтар, Силекс на мегдан со Динамо Минск!
СледноОфицијално: Рудигер уште една година во Реал Мадрид!(ФОТО)