Дарко Додев заминува во Казахстан

233

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Додев заминува во Казахстан. Напаѓачот ќе потпише 1.5 годишен договор со тимот на Алтаи, кој што ја добри трката со неколку екипи кои што беа заинтересирани за досегашниот играч на тимот на Силекс.

Додев изминатиот период се прокламираше како еден од најдобрите напаѓачи во нашиот ПМФЛ шампионат, и тоа му донесе ете летово, интернационален трансфер.

За головите кои ги постигна беше награден и со репрезентативен повик од страна на селекторот Гоце Седлоски, кои го искористи Додев за пријателските мечеви против Босна односно Турција, во овој јунски репрезентативен прозорец.

Додев има интернационално искуство со играње во тимот на Влазнија во Албанија, а на домашна сцена беше дел од Металург, Силекс, Брегалница, Тиквеш, Шкупи….

 

 

ПретходноВо пресрет на мечот Аргентина – Алжир: Брутална тепачка на Тајмс Сквер во Њујорк!(ВИДЕО)
СледноПолувреме во Њу Џерси: “Страшната“ Франција игра СТРАШНО здодевно