Франција – Сенегал 0:0 по првото полувреме од меч од 1.коло во групата И на ова СП. Светскиот вицешампион и веројатно најголем фаворит за титулата просто разочара. Едноставно кажано “СТРАШНАТА“ Франција одигра СТРАШНО здодевно во првите 45.минути. Бавен ритам, без ниту една конкретна акција и шанса, за гол да не правиме муабет. А на теренот е “АТОМСКИОТ“ напад во кој се Мбапе, Олисе, Дуе и Дембеле.
Сенегал повлечен и опасен од контри, ама имаше две супер шанси. Прво Џексон во 25.минута ја погоди стативата, односно дирекот на Мањан. Додека во 45+3.минута Исмаил Сар имаше зицер, од само неколку метри шутираше над голот на Франција.










