Супер Мбапе, магија на Олисе, победа на Франција!(ВИДЕО)

137
ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Франција – Сенегал 3:1 е исходот од мечот на “Метлајф“ во Њу Џерси, во меч од групата И на овој Мундијал.

Ако во првиот дел светскиот вицешампион беше очаен, во второто полувреме разигран, сосема солиден. Па така со головите на Мбапе два, и Баркола составот на Франција дојде до победа против Сенегал. Мбаје во 90+5.минута само го ублажи поразот.

Во првото полувреме Франција беше очајна, спора, ништо не играше. Немаше комуникација меѓу линиите, едноставно здодевна Франција. Сенегал разигран, а посебно од контри беше опасен, а Џексон ја погоди стативата на Мењан а Сар имаше зицер за водство на Африканците, но на пауза се замина со тие 0:0.

Во второто полувреме конечно Франција почна да игра. Се разигра Мајкл Олисе, кој во 66.минута изведе магија, магична асистенција до Килијан Мбапе на кого не му беше тешко да го совлада голманот на Сенегал, Менди. Ова е првиот гол за мега – ѕведата на Реал Мадрид на овој Мундијал или 13 на своето трето СП и со тоа како се приближи до рекордот на Мирослав Клосе. Со вториот дојде до бр.14. Инаку претходно Мбапе во два наврати, а и Дуе имаа шанси, овој вториот и после тие 1:0.

Треба да се каже дека во 58.минута судијата мораше да ја прегледува снимаката од ВАР за пенал на Франција, но сепак немаше удар од белата точка.

И тоа не беше се од моќната Франција, која во 82.минута преку Баркола успеа да дојде до 2:0. Сосема заслужено.

Мбаје во 90+.5.минута намали на 2:1, но Мбапе од 30 метри со прекрасен гол стави точка на овој меч.

Ова е таа моќна и страшна Франција на дело.

Секако и одмазда за таа 2002 и поразот на првиот меч на СП во Ј.Кореја и Јапонија.

ПретходноШокантно: Роберто Мартинез нема веќе да биде селектор на Португалија?!
СледноКилијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)