Дали шаман ја донесе победата на Гана?!(ВИДЕО)

49
ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/

Ете, и тоа го има. Африканските репрезентации честопати на големите турнири носат не само шарена и бучна навивачка екипа, туку и локална „магија“. За време на натпреварот на Светското првенство помеѓу Гана и Панама, камерите фатија еден исклучително необичен момент што предизвика бран коментари. Во 16-тата минута од натпреварот, еден од навивачите на Гана одлучи да изведе ритуал токму на трибините. Извади мал сад, истури бел прав во дланката и го дувна во правец на игралиштето. Неговата акција не остана незабележана и брзо стана една од најдискутираните сцени на натпреварот.

Многумина се прашуваа дали ова е обид за шаманска интервенција за да им се донесе среќа на „црните ѕвезди“. Најинтересно во целата ситуација е што ритуалот се чинеше дека функционира. Репрезентацијата на Гана имаше сериозни тешкотии да го најде патот до голот на Панама во текот на целиот натпревар, но одлучувачкиот момент дојде на самиот крај.
Кулминацијата дојде длабоко во продолжението, кога многумина веќе очекуваа нерешен резултат без голови. Тогаш африканскиот тим го зададе својот удар. Во петтата минута од судиското продолжение (90+5′), Кејлеб Јиренкиј постигна доцен победнички гол за да ја обезбеди првата победа на својата земја на Светското првенство во 2026 година. Голот ги воодушеви навивачите на Гана и веднаш предизвика асоцијации со мистериозниот ритуал на почетокот на натпреварот – случајност или успешна магија?

ПретходноВо Кратово се подготвува летна „БОМБА“…. Марко Ѓорѓиевски прави кам бек во Силекс
СледноПотврда од страна на финансиската полиција: Истрагата за ФФМ донесе 12 уапсени лица, за штета проценета од над 180 милиони денари