Бојан Илиевски е нов член на НК Истра!

200
ФОТО: FFM.MK

Како што и беше најавувано, дефанзивецот Бојан Илиевски ја прифатри понудата на хрватскиот клуб НК Истра и својата кариера ќе ја продолжи во елитниот шампионат на таа земја. Иако имаше понуда од Струга ТЛ да остане и натаму во некогашниот шампион на Македонија, одбрамбениот репрезентативец на Македонија сепак се одлучи за првпат во својата кариера да игра во странство.

Како што велат информациите Илиевски е веќе нов член на НК Истра, останува само уште промоцијата.

Кога сме кај Бојан Илиевски (26) досега во својата кариера има играно за Пелистер, Работнички, Македонија ЃП и Пелистер.

НК Истра без разлика што не е во врвот на хрватскиот клуб сепак има свои амбиции, ако се знае дека има НК Истра и Алавес од Шпанија имаат ист сопственик, а сега им дојде и Шпанец тренер.

Претходно“Земјотрес“: Сестрата на Роналдо го нападна Бруно Фернандеш!(ФОТО)
СледноПуштени во продажба билетите за мечот Вардар – КуПС (ЛИНК)