Андреас Трајковски е предводник на нашата атлетска експедиција на Балканското првенство во Волос

20

Нашиот најдобар атлетичар, Андреас Трајковски, натпреварувачот во скок во далечина, е предводник на нашата експедиција која што во следните денови ќе биде дел од Балканскиот шампионат кој што ќе се одржи во Волос.

Трајковски ќе настапи утре со почеток во 19:50 часот, а конкуренцијата ќе биде исклучително силна. Во финалето ќе настапат и двајца од најдобрите светски скокачи во далечина – олимпискиот шампион Митиадис Тентонглоу од Грција и актуелниот европски првак Божидар Сарабојуков од Бугарија.

Да потсетиме, на минатогодишното Балканско првенство, Андреас го освои бронзениот медал.

ПретходноДушица Бресалиева со бронзен медал од клупското ЕП во Босна
СледноНено со 14 поени во поразот на Баерн од Алба