САД се пласираше во елиминациите на Мундијалот (ВИДЕО)

53

Еден од домаќините на овој Мундијал, репрезентацијата на САД, и официјално се пласираше во следната рунда, односно во елиминациите откако вечерва, во рамките од второто коло од групата Д, ја совлада Австралија до конечни 2:0. А имајќи во предвид дека американците беа добитни и во првото коло кога го совладаа Парагвај со 4:1, тоа значи дека уште сега со шесте освоени бода одат во следната фаза.

Вечерва како и во првото коло САД покажа сериозно ниво на фудбал, пред се во нападот каде што почетната иницијатива и притисок, резултираше со водство. Дефанзивецот Камерон Бургс во обид да расчисти си заби ефектно во сопствената мрежа и тоа беше 1:0 за Америка.

Во 43. минута една одбиена топка ја искористи Фримен кој што реализираше за двојно водство, а ВАР го потврди погодокот кој беше под сомнение за офсајд.

Во вториот дел Австралија нешто и се обиде, но без успех. Едноставно австралијците не го повторија успехот од првото коло кога контра нападите значеа и победа против фаворизираната Турција. Овојпат тоа не им појде од рака.

ПретходноНено со 14 поени во поразот на Баерн од Алба
СледноШабани уште две години дел до Струга ТЛ