Ветеранот Буњамин Шабани и натаму ќе биде дел од тимот на Стргуа Трим Лум. Клубот предмалку објави дека со него е потпишана нова две годишна соработка со која што, Шабани се обврзува со клубот до 2028 година.
Шабани е еден од оние кои што ја преживува реконструкцијата во тимот на Струга ТЛ, која што се случува летово, откако тимот не обезбеди излез во Европа изминатата сезона.
Аналогно на тоа, јасно беше дека ќе има измени, па дел од играчите си заминаа. Сепак, Шабани направи премногу за Струга ТЛ периодов, и овој нов договор со него е еден вид награда за игрите и настапите во црвенито дрес.















