Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар, напорно работи на подготовките во Норчиа, Италија, подготвувајќи се за предизвиците кои што предстојат летово.
А, тоа секако пред се се квалификациите за Лигата на Шампионите, во кои што Вардар во првото коло се среќава со шампионот на Финска, тимот на КуПС.
Од друга страна ведрата атмосфера секогаш е потрена во тимот, а истата денеска е пополнета со роденденот на новајлијата во тимот, Герсон Родригес, интернационалецот од Луксембург.
Тој денеска полни, 31. година.















