Заврши сагата: Јанис е нов кошаркар на Мајами

133

Јанис Адетокумбо ги напушти Милвоки Бакс и следната сезона ќе го носи дресот на Мајами Хит. Како што објави Шамс Чаранија, Милвоки и Мајами се согласија на размена во која Боби Портис се пресели во Флорида заедно со Јанис.

Мајами испрати четири кошаркари во спротивната насока – Тајлер Хиро, Кел’ел Вер, Хаиме Жакес и Каспарас Жакучонис.

Покрај тоа, Милвоки доби три пика во првата рунда од драфтот (вклучувајќи го и 13-тиот во претстојниот драфт), право да тргува со еден пик и уште еден пик во втората рунда.

Мајами се бореше да го доведе Јанис со Бостон, кој беше подготвен да понуди дури и суперѕвездата Џејлен Браун, но понудата на Мајами беше поприфатлива за Бакс.

ПретходноНорвешка вторпат слави, Алжир остана во игра за нокаут-рундата (ВИДЕО)
СледноМеси е првиот во историјата кој на сите шест СП ја минал групата