Лина денеска почнува во квалификациите на Вимблдон

44
фото: Македонски тенис Makedonski tennis (X)

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денес ги стартува квалификациите на Вимблдон. Нејзина ривалка во првата рунда од квалификациите ќе и биде шпанската тенисерка Анхела Фита Болуда (26 години). Ривалката на Ѓорческа се наоѓа на 213.место на ВТА ранг-листата и во кариерата има 10 турнирски победи на ИТФ турнири. Оваа година има одиграно четири финалиња и има само една победа. Најдобриот ранг и бил 190.место.

Ѓорческа на Вимблдон има настапувано во 2017 и 2024 година, кога настапот го завршуваше во првата квалификациска рунда.

Според официјалниот распоред, нивниот дуел е втор меч на теренот 8 во Роемптон, каде што се играат квалификациите за Вимблдон, а програмата почнува во 12:00 часот по македонско време.

Женските квалификациски мечеви се играат до 25 јуни.

ПретходноЃоргиев четврти најдобар поентер во Европската лига 2026
СледноУ15: Македонија убедливо поразена на првиот тест со Албанија