Шест руски градови сакаат да бидат организатори на ЛОИ 2036

77

Дури шест руски градови се подготвени да влезат во трката за организатор на Летните олимписки игри во 2036 година. Како што објавија руските медиуми, меѓу градовите кои покажале сериозна заинтересираност да се кандидираат за домаин на ЛОИ 2036 се Ростов на Дон, Владивосток, Перм, Новосибирск, Сочи и Уфа.

Властите на Ростовската област и Владивосток веќе се ангажирани во суштинската подготовка на апликацијата. Од Европа, во трката за организатор на овие Игри се очекува да се вклучат и Фиренца или Болоња од Италија, Истанбул од Турција, Лондон, Бирмингем или Ливерпул од Англија, како и Берлин (Германија) и Тел Авив (Израел).

Одлуката за тоа кој ќе биде организатор на овие ЛОИ ќе се знае во 2025 година.

ПретходноВечните ривали на дело во битка за Суперкупот
СледноБакет Кам и Бадел 1862 ќе испишат историја во „Кале“