Феноменално деби на нашиот интернационалец во Украина, Стефан Спировски. Играчот за врска на нашата репрезентација, на својот прв меч во дресот на Мариупол, постигна гол и тоа во 25.минута за 1:0 на гостувањето кај тимот на Олександрија. Сепак десет минути подоцна противникот израмни на 1:1.
Спировски беше на теренот до 45.минута кога беше заменен на полувремето.
Да потсетиме дека Спировски пред неколку дена и официјално стана член на Мариупол.