Стартуваше летниот преоден рок во одбојкарските шампионати

23
Фото: Горан Стаменков/Штип УГД

Во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2026/2027, Одбојкарската федерација на Македонија од вчера го отвора летниот преоден рок за домашните одбојкари и одбојкарки, кој ќе трае се до 31 август 2026 година.

Овој трансфер период е дефиниран од ОФМ и се однесува за играчите кои настапуваат во клубовите од националните првенства, додека за странските играчи, односно интернационалците можноста за „промената на средината“ трае се до почетокот на новата натпреварувачка сезона. Временската рамка за новата натпреварувачка сезона ја дефинира Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), а ОФМ согласно насоките ќе го одреди почетокот на првенствата.

Истовремено започнува и постапката за пријавување на клубови во националните првенства на ОФМ за сезоната 2026/2027, кој трае до 15 август, а врз основа на пријавените клубови ќе се одреди и системот за натпреварување за престојните првенства.

ПретходноОхрид ќе го врати Јасухира следната сезона!
СледноВојдан пред денешниот дуел со Ирска: „Со добар пристап и добра енергија до победа“