Македонскиот репрезенаттивец и интернационалец, Егзон Бејтулаи и официјално си замина од тимот на Дрита летово. Искусниот дефанзивец е во овој клуб од сезоната 23/24, а претходно го носеше дресот на уште еден тим од Косово, Џилани.
Сега веќе 32. Годишниот Бејтулаи дефинитивно летово ќе има нова дестинација, а за Спортспорт ја потврди таа информација.
„Да, точно е дека си заминувам од Дрита. Благодарност до клубот. Имам неколку понуди и ќе ја одберам онаа најдобрата за мене во моментов“ – ни изјави Бејтулаи.
Тој беше дел од онаа златна генерација на У21 Македонија која настапи на ЕП во Полска во 2017 година, а потоа и на сениорското европско.
Беше дел од големите успеси на Шкендија, а имаше и еден краток интернационален престој во Шведска, во дресот на Хелсинборг.










