Денеска на Мундијалот: Бразил против Халанд, Англија ја чека пекол на “Ацтека“

224
Фото: Brazil Football Team

Денеска на програмата се два меча од 1/8 финалето на Мундијалот. И двете според сите мерила треба да бидат спектакл. Бразил се среќава со Норвешка на Халанд и треба да покаже на дело дали има сила да оди по титулата. На култниот „Ацтека“ стадион во Мексико Сити, домашната селекција и спрема пекол на Англија.

Во Њу Џерси нè очекува интересен натпревар, во кој ќе се сретнат Бразил и Норвешка. „Селесао“ со големи тешкотии ја победи Јапонија (2-1), и тоа дури во самиот финиш од натпреварот, а тренерот Карло Анчелоти има проблеми со повредите. Рафиња веќе е практично елиминиран, додека Лукас Пакета и Каземиро се исто така под знак прашалник. Главната надеж на Бразилците е Винисиус Жуниор, кој е во одлична форма, со четири гола и една асистенција зад себе.


Норвешка влегува во натпреварот знаејќи дека има позитивен коефициент, бидејќи никогаш не загубила од Бразил на четирите претходни средби. „Викинзите“ ги предводи незапирливиот Ерлинг Халанд, кој веќе постигна пет гола, а Едегард и Берг исто така играат клучни креативни улоги. Дефанзивецот Џулијан Рајерсон е блиску до враќање од повреда на бутот, но останува да се види дали е подготвен да започне. Тешко е да се предвиди победникот тука, но едно е јасно: нè очекува вистински спектакл.

ЊУ ЏЕРСИ – 22.00 Ч

Бразил – Норвешка

Мексиканците се во одлична форма со четири победи и без примен гол, предводени од експлозивниот Хулијан Кињонес и 17-годишниот чудо – Гилберто Мора. Тренерот Хавиер Агире нема проблеми со повреди и смета на големата предност на домашниот терен и големата надморска височина, како и на серија непоразени натпревари на митскиот „Ацтека“.


Англија, предводена од Томас Тухел, едвај го победи Конго (2-1) благодарение на головите на Хари Кејн. Англичаните се мачат со повредите на Џејмс и Кванса, додека Деклан Рајс е во форма и покрај тоа што е исцрпен. Тухел има сомнежи во нападот, со Сака и Гордон кои се борат за место во почетните 11, а Маркус Рашфорд досега не се покажа во вистинско светло. Притисокот е веќе голем, англиската јавност ја признава само шампионската титула и ништо повеќе.

МЕКСИКО СИТИ – 02.00 Ч

Мексико – Англија

ПретходноЗагреб го врати поранешниот хрватски селектор
СледноКлоп прифати да биде новиот селектор на Германија