Смешки: Трамп ѝ се заблагодари на ФИФА за поништениот црвен картон на Балогун!

225
ФОТО: Screenshot

Ова е да се смееш или да плачеш. И за се е виновна ФИФА, која не крие дека и тоа како сака да му угоди на Доналд Трамп, на претседателот на САД. Американскиот напаѓач Фоларин Балогун сепак ќе може да игра за својата репрезентација во осминафиналето на Светското првенство против Белгија, откако ФИФА одлучи да го поништи неговиот црвен картон од натпреварот против Босна и Херцеговина. Одлуката веднаш ја коментираше американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи, кој ѝ се заблагодари на фудбалската организација.
Трамп ја поздрави одлуката на ФИФА на својата мрежа Truth Social.

И благодарам на ФИФА што постапи правилно и исправи голема неправда“, напиша американскиот претседател.

Да потсетиме дека Балогун беше исклучен на осминафиналето на натпреварот против Босна и Херцеговина. Откако ги прегледа снимките од ВАР, судијата го оправда покажувањето директен црвен картон за опасен старт што речиси му го скрши зглобот на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Тарик Мухаремовиќ.
Дисциплинската комисија на ФИФА сепак одлучи да го помилува американскиот напаѓач и да ја укина автоматската суспензија.

Со примена на член 27 од Дисциплинскиот правилник (FDC) на ФИФА, извршувањето на автоматската суспензија за американскиот играч Фоларин Балогун е одложено за пробен период од една година“, се вели во официјалното соопштение. Ова значи дека Балогун ќе биде достапен за натпреварот против Белгија.

ПретходноНајлудата приказна на Мундијалот: Интерпол со денови го барал, а тој 10 дена пиел во барови на друг континент!
СледноСабаленка елиминирана во 1/8 финалето на Вимблдон!