Сабаленка елиминирана во 1/8 финалето на Вимблдон!

108
ФОТО:x.com/BNPPARIBASOPEN

По Отвореното првенство на Австралија, каде што загуби од Рибакина во финалето, и Ролан Гарос, каде што беше елиминирана од Дајана Шнајдер во четвртфиналето, Арина Сабаленка постигна уште полош резултат на Вимблдон.
Вечерва Белорусинката е елиминирана во осминафиналето, а подобра од неа беше Јапонката Наоми Осака, која по час и половина битка триумфираше со 2:0, во сетови 6:2 и 7:6 (7:2).
Очигледно, Гренд слем турнирите не ѝ одат добро оваа сезона, па затоа таа сè уште има вкупно четири освоени Гренд слем трофеи, по два во Австралија и на Отвореното првенство на САД.
Следна противничка на Осака ќе биде Каролина Мухова од Чешка, која се квалификуваше во четвртфиналето со победата над својата сонародничка Крејчикова.

ПретходноСмешки: Трамп ѝ се заблагодари на ФИФА за поништениот црвен картон на Балогун!
СледноБерокал: „Најважно е што се натпреварувавме сите 40 минути и што ја изградивме потребната самодоверба“