Репрезентацијата на Норвешка го живее мундујалскиот сон како никогаш до сега. Во рамките од четвртфиналето синоќа норвежаните на неверојатен начин го совладаа Бразил со 1:2, и го елиминираа од турнирот.
Со што си обезбедија пласман во четвртфиналето каде што ќе се сретнат со репрезентацијата на Англија.
Норвежаните се во фудбалски транс. Играат фантастичен фудбал, предводени од Ерлинг Халанд кој што синоќа ги постигна двата гола. Сепак, нивниот успех е пред се колективен, екипен.
„Веруваме во нашиот тим, ние сме многу блиска група која сака да игра заедно. Сега повеќе не се плашиме од ниту еден противник. Знаевме дека Бразил е одличен тим, иако денес загубија“, – рече Патрик Берг по вчерашниот дуел па продолжи.
„И натаму Бразил е исклучителен тим. Имаме огромна почит кон Бразил, не само за нивниот настап на ова Светско првенство, туку и за целата нивна историја. Би рекол дека Бразил е најголемата фудбалска нација и беше неверојатно за мене да играм против нив. Сонував за овој момент уште од дете“, додаде играчот на Бодо Глимт па поентираше.
Во врска со планот за натпреварот против „Селесао“, Берг рече:
„Имавме одличен ден и го реализиравме нашиот план совршено. Мораме да ѝ оддадеме признание на Норвешка, играме многу квалитетно во последните две години. Тешко е да се игра против нас. Имам многу почит кон Бразил и не сакам да кажам ништо лошо за нив, очигледно е дека дадоа сè од себе. Денес успеавме да се квалификуваме и сме многу среќни.“ – рече Берг.










