Капитенот на актуелниот шампион ФК Вардар, Азер Омерагиќ, утрешниот дуел од првото коло од квалификациите од Лигата на Шампионите против првакот на Финска, КуПС го најави следната изјава.
„Мотив и привилегија да се претставува Вардар. По подолг период Вардар е во квалификациите на ЛШ, онаму каде што му е местото. Што се однесува до самиот меч одиме чекор по чекор, ке дадеме максимум па на крај ќе видиме колку и кој резултат ќе биде доволен за евентуален пласман понатаму“ – рече Омерагиќ па додаде.
„Подготовките ги минавме како што треба. Ни пријаше сиот овој период на запознавање со новиот тренер со новите играчи. Мислам дека одиме во позитивна насока“ – рече Омерагиќ.










