И официјално, Матеј Гаштаров (19) го продолжи договорот со српскиот и балкански гигант Ц.Звезда.
Македонецот во редовите на “црвено – белите“ ќе остане најмалку до 2029 година.
Инаку Гаштаров е предводник на нашата У-21 репрезентација и важи за еден од најголемите таленти или млади фудбалери на Македонија и на Ц.Звезда. Минатата сезона беше во Борац Чачак на позајмица, а сега ги минува летните подготовки со својата Ц.Звезда. Има големи шанси да остане во тимот за наредната сезона.
Со овој договор, Ц.Звезда покажува дека има доверба во младиот Македонец.










