Нема голови во Бостон по првото полувреме од првиот меч во 1/4 финалето. Франција – Мароко 0:0 е резултатот а за тоа е “виновен“ голманот на Мароканците, Боно кој бранеше фантастично. Успеа да му одбрани и удар од белата точка на Килијан Мбапе во 28.минута откако Мазрауи го фаулираше капитенот на Франција.
“Триколортите“ може да жалат со оглед на тоа дека имаа барем 3-4 големи шанси, но на пауза мораа да заминат со тие 0:0.
Франција напаѓаше, ја имаше играта, а Мароко строго во одбрана, ретки беа излетите на Хакими и другарите да одат во напад.










