Манчестер Ј. го презентираше планот за новиот стадион со 100.000 места

82
фото: StadiumDB.com @StadiumDB (X)

Манчестер Јунајтед откри нови детали за проектот за изградба на стадион со капацитет од 100.000 седишта, на околу 350 метри северозападно од сегашниот „Олд Трафорд“.

Клубот соопшти дека, како дел од поширок стадионски округ, целиот проект би можел да создаде 48.000 локални работни места, да донесе 15.000 нови домови и да генерира 7,3 милијарди фунти годишно за британската економија.

Колет Рош, извршна директорка за развој на новиот стадион на Јунајтед, изјави дека клубот и партнерите имаат можност за проект кој ќе им користи на навивачите и локалната заедница на долг рок. Ко-сопственикот на клубот, Џим Ратклиф, претходно си постави цел да го изгради „најголемиот фудбалски стадион во светот“. Кога плановите беа првпат откриени минатата година, се проценуваше дека изградбата ќе чини околу 2 милијарди фунти, со амбиции новиот објект да биде поголем од Вембли и завршен до сезоната 2030/31.

ПретходноУште едно ново име во составот на Е. Пелистер 2
СледноБешикташ извади прва понуда за Лукаку