Македонија против домаќинот Словачка на отворањето на Европското првенство

51

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го започнува настапот на Европското првенство за кошаркари „Под 20“ години од Дивизијата „Б“, кое од 10 до 19 јули се одржува во Братислава.

Македонската селекција ќе се натпреварува во групата „А“, заедно со репрезентациите на Ирска, Шведска, Азербејџан и домаќинот Словачка. Избраниците на селекторот Никола Велев првиот испит ќе го имаат вечерва од 18:00 часот, кога ќе се соочат токму со домаќинот на шампионатот, репрезентацијата на Словачка.

Зад македонскиот тим е 25-дневен подготвителен период, во кој, според селекторот Велев, екипата успеала да ја изгради посакуваната форма и да создаде позитивна атмосфера пред почетокот на натпреварувањето.

„Зад нас е 25-дневен подготвителен период во кој сите играчи покажаа максимална посветеност и висок професионализам. Имавме добри услови за работа, што ни овозможи секојдневно да напредуваме и како поединци и како тим. Атмосферата во екипата е одлична, а голем удел во тоа имаат и изминатите години во кои голем дел од овие репрезентативци играат заедно“, вели Велев.

Селекторот се осврна и на кадровските проблеми со кои се соочи стручниот штаб во текот на подготовките.

„На првенството нема да можеме да сметаме на Никола Јаничиќ и Стефан Стојковиќ, кои не се доволно опоравени, како и на Димитар Зетов, кој најави заминување во Америка. Сепак, имаме целосна доверба во играчите кои се во составот и веруваме дека секој ќе го даде својот максимум.“

Пред првиот натпревар на Европското првенство, Велев потенцира дека вниманието е насочено исклучиво кон дуелот со Словачка.

„Сега целиот наш фокус е на првиот натпревар против Словачка. Одиме чекор по чекор и се надеваме дека работата што ја направивме во изминатиот период ќе ја покажеме и на теренот“, порача селекторот Велев пред вечерашната премиера на Европското првенство во Братислава.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГРУПА А

10. ЈУЛИ (ПЕТОК)

16.00: Шведска – Азербејџан

18.00: МАКЕДОНИЈА – Словачка

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Il6UTcK-2dU?si=lKkj9vo-6WOutZrl

11.ЈУЛИ (САБОТА)

13.30: Ирска – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/H9agTlZZoRo?si=U21BoUbATZb9pFZX

18.00: Словачка – Шведска

12.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

13.30: Шведска – Ирска

18.00: Азербејџан – Словачка

13. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК) – СЛОБОДЕН ДЕН

14.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

13.30: Шведска – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5TwFiCFR3Qg?si=TeLAH2DyULp3Mnwp

18.00: Ирска – Азербејџан

15.ЈУЛИ (СРЕДА)

18.00: Словачка – Ирска

21.00: Азербејџан – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nmqz6Plvz9o?si=5Mn5Qv-oznMjyeYK

*Натпреварите се играат во Арената „ГОПАСС“ и спортската сала „ЕУБА“ во Братислава

ПретходноФранција си ја покажа силата, повеќе очекував од Мароко
СледноЕдина Муса: Мајчинството не ми ги одзеде соништата, туку ми даде нова сила