Ристовски за професионалниот договор со Звезда: Пресреќен сум, ова е голем чекор во мојата кариера!

276

Македонскиот младински репрезентативец, Горазд Ристовски го потпиша својот прв професионален договор со тимот на Црвена Звезда, кој има важност до 2029 година.

Ристовски е член на тимот од Белград веќе неколку сезони и има голема минутажа за сите млади категории на „црвено-белиот“ тим. Новиот договор е награда за сето она што македонскиот фудбалер го има одиграно во изминатиот период.

„Секако дека сум пресреќен за ова што ми се случува. Потпишувам долгорочен договор со Црвена Звезда до 2029 година, кој што ќе ми овозможи понатамошен развој во еден од најдобрите клубови на Блаканот, но и во Европа. Се надевам дека ќе добијам шанса да заиграм во првиот тим. Засега ќе бидам отстапен во тимот на Графичар“, ни изјави младиот фудбалер.  

ПретходноДенеска на Мундијалот: Европскиот првак на мегдан со силната Белгија
СледноВооружен маж упадна во англиската база на Светското првенство