Веројатно најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, конечно може да се одмори. По исцрпувачката сезона со Денвер во НБА лигата, тој се приклучи на српската репрезентација во квалификациите за Светското првенство, а потоа традиционално се упати кон рафтинг на Тара. Трократниот МВП на НБА не ја пропушта оваа авантура година по година, а овој пат е во друштво на својот брат Немања. Локацијата на српскиот ас ја открија Денвер Нагетс кои ја споделија фотографијата на социјалните мрежи. Србија ги продолжува квалификациите за Светското првенство во август, кога ривали ќе и бидат селекциите на Исланд и Италија, а по новата мисија во националниот дрес, Никола ќе се посвети на подготовките со Нагетс, кои не стигнаа далеку во плејофот минатата сезона.
Nikola’s rafting trip tradition continues!
📷 @tararaftingdmd pic.twitter.com/1nxIM8aJQG
— Denver Nuggets (@nuggets) July 10, 2026
Српскиот ас откри по победата над Босна во Пионир дека сака да ја заврши кариерата во тимот од Колорадо, но сепак, ќе почека до следната сезона за да потпише нов петгодишен договор за да заработи историска сума пари.










