КуПС ќе го пречека Вардар со полни трибини и македонска „шведска маса“

187
фото: kups.fi

Финскиот шампион КуПС очекува полни трибини и голема поддршка од своита навивачи за реваншот со Вардар во вторник во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. „Жолто-црните“ ќе влезат во домашниот натпревар во одлична форма откако во првиот меч со Вардар во Скопје славеа со 2:0.

„Секако, очекувавме дека продажбата на билети ќе се забрза по првиот натпревар. Има огромни влогови во натпреварот и се очекува одличен фудбалски натпревар“, вели Теро Таипале, менаџер за продажба на КуПС.

Финците за своите фанови подготвуваат богата програма која ќе почне скоро два часа пред натпреварот. За оние со ВИП билети ќе има шведска маса инспирирана од вкусовите на Македонија на сопствена клупска тераса и забава со илузионисти и музичар.

На нашиот шампоион Вардар ќе му биде потребно чудо за да дојде до втората рунда во најсилнот европско натпреварување.

ПретходноДовчерашните соиграчи Адебајо и Хиро се степале во Лас Вегас
СледноАлфред е една од трите најбрзи жени во историјата на 200 метри