Австрија е нова шанса, Македонија ја бара првата победа на ЕП (ЛИНК)

126
Фото: РФМ

Машката младинска репрезентација на Македонија после еден ден пауза продолжува со натпреварите на Европското првенство.

После трите порази во низа во групната фаза (Норвешка, Хрватска и Данска), „црвено-жолтите“ ќе разигруваат за пласман и ќе се обидат да дојдат до првиот триумф на ова континентално натпреварување.

Нови противници се селекциите на Австрија и Летонија. Првиот меч е денеска во 11:30 часот, а нашите ракометари ќе ги одмерат силите против Австрија.

За разлика од нас, оваа репрезентација групната фаза ја заврши со победа и два порази.

ПретходноФИФА изненади: Историскиот меч од 2.740.000.000 евра му го додели на судија од Ел Салвадор
СледноШокантна вест: Пролет се повлече од Супер-лигата поради финансиска немоќ!