Младинците издржаа само едно полувреме против Австрија

120

Македонската младинска репрезентација не успеа да дојде до првата победа на Европското првенство. Нашите ракометари го запишаа четвртиот пораз откако беа совладани од Австрија со 28-24 во новоформираната група за разигрување на пласман.

„Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме во кое се водеше изедначена битка, а нашите момци имаа и водство од два гола 4-6. Првото полувреме заврши со резултат 15-14 во корист на противникот. Откако на стартот на вториот дел, Македонија изедначи на 15-15, следеше мини серија на Австрија за 18-15. Македонија успеа да дојде на минус седен (18-17), но потоа како да го загуби здивот. Противникот поведе со 24-18 и успеа да го урне отпорот на нашите надежи.

Поповски и Матески беа лидери во нашите редови, двајцата постигнаа по шест гола.

Македонија утре игра нов меч, за противник ја има селекцијата на Литванија.

ПретходноАргентина со специјално барање до УЕФА кое ќе ги врати љубителите на фудбалот 40 години наназад
СледноЕрлинг Халанд потроши 134.000 долари за книга од 1594 година, а потоа ја подари!