На Евробаскетот У20 Б дивизијата денеска, репрезентацијата на Македонија во третото коло го доживеа вториот пораз, откако со конечни 64:86 беше совладана од соодветната селекција на Шведска.
Нашиот национален состав не успеа уште од самиот старт да се наметне, и ја загуби првата четвртина со 16:23, а ништо поинаква не беше ниту втората делница.
Во неа резултатот беше 16:22 со што на швеѓаните им даде осетна предност на паузата.
Во продолжението Шведска како да додаде уште повеќе „гориво“ во машината и ја зголеми предноста добивајќи ја третата делница со 12:27.
Откако се беше јасно и победникот на овој дуел беше познат, Македонија растоварена од било како притисок, ја доби последната четвртина со 20:14.
Репрезентацијата на Шведска е лидер на групата со четири победи од исто толку мечеви и осум освоени бодови. Македонија засега е втора со 4 бода од три одиграни мечеви. Ирска и Азербејџан имаат сеуште само две кола зад себе, додека Азербејџан е со три порази од три дуели и последно место.










