Екстра Вардар во Финска и скапо платен пораз од Скопје (ВИДЕО)

1120

Херојски 120 минути на актуелниот шампион на Македонија, Вардар кој што на реванш дуелот во Финска, против тимот на КуПС во рамките од првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите, успеа да победи со 2:3, но не и да обезбеди пласман понатаму поради поразот од Скопје со 0:2.

Одличното издание на „црвено – црните“ во Куопио вечерва е „поништено“ со оној ужасен пораз во Скопје кој што го чини нашиот шампион второ коло во квалификациите за ЛШ. КуПС вечерва и тоа како покажа дека е ранлив и „печен“ за елиминација но Вардар не можеше да постигне доволно голови наспроти примените за да ете мине понатаму.

Она што се случуваше во последните половина час, како и првото продолжение од овој меч за навивачите на Вардар ќе биде заменетено како еден од најголемите „шок“ моменти во историјата на клубот. Така сакало да биде, Вардар да води и со 0:1, и со 0:2, и со 1:3, но сепак, на крајот да биде елиминиран.

Првото полувреме може единствено да биде одбележано по грешката на Велковски кој што буквално му подари зицер ситуација на Амрах, но стрелецот на еден од головите во Скопје овојпат не се снајде. Проба да лобува лошо, и над голот на Талески.

Само што започна второто полувреме, домаќинот имаше добра ситуација, но Пананен шутираше покрај голот на Вардар.

Водство на Вардар со автоголот на Магаса

Потоа следуваше мини период без некакви возбудувања по кој Вардар одеднаш стигна до предност. Нафрлувањето од десно, од страна на Пиреш, ја одведе топката на петерецот, а таму Омерагиќ реагираше на неа. Не стигна до истата но за среќа на Вардар, топката удри во рамото на Магаса, и одседна во голот на КуПС.

ВАР технологијата, задолжителна за квалификациите од Лигата на Шампионите, го потврди погодокот, и нашиот шампион дојде до предност.

Старт на Магаса и пенал за Вардар

Во 85 минута стартот на Магаса, очигледно трагичарот на овој дуел за домаќинот, врз Родригес значеше и најстрога казна за Вардар. По проверката од ВАР собата, и во која и главниот арбитар погледна во мониторот, „црвено – црните“ го добија заслуженото. Најстрога казна. Сигурен реализатор на истата Горан Закариќ во првата минута од продолжението на регуларниот дел.

Армах се поправа за промашувањето, намалува на 1:2

Во стоттата минута, односно во десеттата минута од продолжението, Антви упати една одлична топка за Армах кој што одлично ја прими на гради и погоди преку излезениот Талески. КуПС дојде до посакуваниот гол со кој што во тој момент имаше сигурен пласман понатаму.

Пуелио од херој стана трагичар

Само што тргна Вардар од центарот, а веќе имаше нов повод за радост. Спахиу проигра за  Закариќ, а овој прекрасно за Пуелио кој што на петерецот со глава погодуба за 1:3. Огромна радост за Вардар кој по само минута имаше повторно двојна предност.

Сепак, овој трилер меч имаше нова пресвртница. КуПС трга од центарот и токму Пуелио кој што се постави на позицијата лев бек прави пенал играјќи со рака. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Паржижек кој го постави резултатот на 2:3.

До крајот Вардар едноставно не дојде до ситуација да постигне нов гол. Домаќинот како така се консолидираше, и успеа да ги збие доволно редовите за да не дозволи нов шок.

КуПС – Вардар 2:3 (0:0)

Стадион Варе во Куопио

Гледачи: 5000

Стрелци: Армах 100, Паржижек 105 (К) Магаса (АГ) 59, Закариќ 90, Пуелио 102

КуПС: Креидл, Поуко, Магаса, Адамс, Антви, Пенанен, Гас, Јири, Енгвал, Армах, Морено

Вардар: Талески, Јанкулов, Најдовски(Мишковски 90), Матиќ, Велковски (Цветковски 93), Маневски, Николов, Кастенада (Бабунски 106), Родригес, Пиреш (Спахиу 74), Омерагиќ (Пуелио 74)

ПретходноДарио Ивановски ангажиран во Министерството за одбрана!(ФОТО)
СледноОфицијално: Манчестер Јунајтед се пофали со капитенот на Белгија!(ФОТО)